fbpx

Претседателот на ЕП, Тајани, против предлогот за Нобелова награда за Ципрас и Заев

-

Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани и заменик – претседател на Европскaта народна партија (ЕПП) во која членуваат партиите на европската десница –  не ја поддржува кандидатурата на Алексис Ципрас и Зоран Заев за Нобелова награда за мир, јави грчка „иЕфимерида“.

Тој на седница на Бирото на ЕПП во Атина објасни дека како заменик – претседател на ЕПП не може да ја потпише кандидатурата, како што тоа го направија претседателите на Социјалдемократите, Уду Булман и Грен Скелер, и на Левицата, Гиби Цимер, бидејќи на Ципрас му претстојат избори во Грција.

– Нема да потпишам кандидатура за Нобелова награда за премиер пред избори – рече Тајани.

Номинацијата на Заев и Ципрас на 18 декември минатата година во Скопје ја објави добитничката на Нобеловата награда за мир во 2015 година, Уидед Бушамауи на церемонијата што се одржа на Универзитетот ФОН. Бушамауи рече дека Договорот од Преспа покажува дека две држави заедно се способни да седнат, да преговараат и да постигнат договор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...