fbpx

Претседателот на Државниот збор на Словенија, Милан Брглез, во посета на Скопје

-

Претседателот на Државниот збор на Република Словенија, Милан Брглез, денеска престојува во официјална посета на Македонија. Тој во 9.45 ќе биде пречекан на главниот влез на Собранието со високи државни и воени почести.

Во 10 часот Брглез ќе има тет-а-тет средба со претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери.

Во 11 часот претседателот на Државниот збор на Словенија ќе има заедничка средба со Антонио Милошоски, претседател на Комисијата за надворешна политика, и со Артан Груби, претседател на Комисијата за европски прашања, а во 12 часот ќе има свое обраќање пред пратениците во Собранието на 14. седница.

Брглез ќе се сретне и со премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, и со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. Претседателот на Државниот збор, исто така, ќе се сретне со претставници на опозицијата, а посетата ќе ја заврши со средба со Словенци што живеат во Македонија, како и со словенечки стопанственици.

Од словенечката амбасада велат дека посетата е наменета за развој на билатералните односи, особено на парламентарно ниво, како и за размена на мислења за некои клучни политички и други актуелни теми (областа на Западен Балкан, вклучување и членство во евро-атлантските интеграции, мигрантска криза, мирно решавање на спорови и други).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...