!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Претседателот на Албанија, Илир Мета, во дводневна посета на Македонија


       
Скопје, 19 ноември, 2017 - 16:59 (META) 

Претседателот на Албанија, Илир Мета, од денеска  ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија.

За време на неговиот престој, тој ќе се сретне со македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, утре во 10 часот, во Вила Водно.

Иванов и Мета ќе имаат тет-а-тет средба, потоа пленарен состанок на делегациите на Македонија и на Албанија, по што ќе следува прес-конфренција на двајцата претседатели.

Засега нема информации дали Мета ќе се сретне со други државни функционери и политички лидери.