fbpx

Претседателот Иванов утре во посета на Македонците од Пустец

-

Претседателот Ѓорѓе Иванов утре, во рамките на дводневната посета на Република Албанија, ќе престојува во Пустец и во Мала Преспа, каде ќе се сретне со македонската зедница од општина Пустец.

Иванов ќе ја посети локалната самоуправа на општината, црквата „Свети Архангел Михаил“, како и гимназијата „Трајан Георгиевски и Митре Колевски“. Во делегацијата што ќе го придружува претседателот Иванов е и министерот за одбрана, Зоран Јолевски.

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во Тирана се сретна со неговиот домаќин, албанскиот претседател Бујар Нишани, со премиерот Еди Рама и со претседателот на Собранието, Илир Мета.

„Очекувам да се интензивира соработката на сите нивоа, да се подобруваат состојбите во сите сфери на заеднички интерес затоа што живееме во време кое носи многу предизвици и од безбедносен и од геополитички карактер, кога се отвораат многу прашања што бараат заеднички одговор и настапување. Како две соседни земји, заедно да настапуваме и кон безбедносните ризици и кон перспективите и развојот на економијата и на инфраструктурата. Не го правиме тоа за да угодуваме на администрацијата во Брисел, туку за нашите граѓани да ги уживаат сите европски стандарди и принципи во нивниот секојдневен живот“, истакнал Иванов на средбата со својот домаќин, претседателот на Албанија, Бујар Нишани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деградиран рускиот свештеник што ја водеше комеморацијата на Навални

Рускиот свештеник кој ја предводеше комеморацијата на опозицискиот лидер Алексеј Навални е деградиран од водечките црковни служби и му е наредено да отслужи тригодишно „покајание“, пренесе Гардијан. Свештеникот Дмитриј Сафронов...