fbpx

Претседателот Иванов ќе учествува на 19. Евроазиски економски самит во Истанбул

-

Претседателот Ѓорге Иванов ќе учествува на 19. Евроазиски економски самит на Фондацијата „Мармара“ во Истанбул, на 6 и на 7 април 2016 година.

Иванов ќе се обрати на свеченото отворање, а ќе има и свое обраќање на претседателската сесија.

Во делегацијата предводена од македонскиот претседател, за време на работната посета на Турција, е и министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции, Џери Наумоф.

Ова е шесто учество на претседателот Иванов на Евроазискиот економски форум, кој се организира еднаш годишно од 1998 година.

Годинава е најавено присуство на актуелни и на поранешни државници, претседатели, премиери, министри, истакнати личности од општествениот и од политичкиот живот, невладиниот сектор и од бизнис-заедниците од околу 40 држави.

Организатор е Фондацијата „Мармара“, група за економски и за општествени истражувања, која има цел да ги унапреди односите меѓу ЕУ и земјите од Централна Азија и од Блискиот Исток.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Светски ден на книгата: Расте поддршката од читателите за домашните автори

Светскиот ден на книгата, кој се слави секоја година на денешен ден, 23 април, претставува глобална прослава на пишаниот збор и цели да даде поддршка на писателите и на...