fbpx

Претседателот Иванов бара да биде информиран за процесот на преговори за името

-

До претседателот Ѓорге Иванов нема стигнато информација за договорената рамка за надминување на спорот за името, на која вчера се повика министерот за надворешни работи Никола Димитров, соопштуваат од Кабинетот на претседателот на Република Македонија.

„До Кабинетот на Претседателот на Република Македонија нема доставено информација за договорената рамка за можно решение на разликата околу името, ниту информации за последните две средби на министрите за надворешни работи на Република Македонија и Република Грција, одржани во Брисел и во Њујорк. Кабинетот на Претседателот на Република Македонија не е информиран ниту за составот, ниту за работата на правните тимови од двете земји во Атина на текстот на билатералниот договор“, наведуваат од кабинетот на Иванов.

Од таму посочуваат дека до Иванов претходно не бил доставен ниту предложениот пакет за името Република Илинденска Македонија, иако шефот на државата побарал да добие писмен документ за последниот тек на настаните поврзани со спорот за името.

Кабинетот на претседателот, се додава, во неколку наврати претходно побарал до него да бидат доставени документи поврзани со текот на разговорите, вклучително и нацрт-текстот на билатералната спогодба за надминување на разликата околу името, доставен од Министерството за надворешни работи на Република Грција, оценувајќи дека, како што се наведува, се врши селективно информирање на македонскиот претседател.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...