fbpx

Претседателот Ѓорге Иванов стана фуснота на објавениот Закон за јазици

-

По долгогодишната практика на некои држави и меѓународни организации при користење на името Република Македонија да додаваат и фуснота во која се објаснува дека Македонија има спор со Грција, која не го признава нејзиното име, и дека во Обединетите Нации земјава се води како Поранешна Југословенска Република Македонија, сега и претседателот на државата Ѓорге Иванов стана – фуснота.

Имено, по објавата на Законот за јазиците во вчерашниот број на Службен весник на Република Македонија, веднаш подолу е објавен и Указот за прогласување на тој закон, но само со потпис од претседателот на Собранието, Талат Џафери. На местото предвидено за потпис од претседателот на државата, стои само напишано неговото име и „1“ како ознака за фуснота.

Претседателот Иванов одбива да го потпише овој закон, а пак Џафери, кој всушност го испрати за објава текстот на законот, и Заменикот на Генералниот секретар на Собранието, Неџбедин Ибраими, објаснуваат дека претседателот на државата е должен да го потпише законот, бидејќи на 14 март 2018 година и вторпат бил усвоен со мнозинство гласови од пратениците, според член 75, став 3 од Уставот. Интересно е и тоа што е потпишан Заменикот  на Генералниот секретар, наместо Генералниот секретар, Цветанка Иванов.

Вториот дел од фуснотата објаснува дека „поради неизвршување на горенаведените обврски од страна на Претседателот на Републиката“, а поради обврската од член 52 од Уставот, претседателот на Собранието е должен да го достави Законот за јазиците во Службен весник за негово објавување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...