Претпладне во Македонија времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, преку денот со засилен јужен ветер особено во западните делови, каде ќе достигнува брзина и до 80км/час.
Во попладневните часови облачноста ќе се зголеми и од запад ќе започнат врнежи од дожд, кои на места ќе бидат и поројни. Преку ноќта врнежите ќе се прошират насекаде и ќе бидат пообилни во западните и северните делови, каде на повисоките места ќе преминуваат во снег. Ветерот ќе го промени правецот во северен. Снежната покривка на планините ќе се зголеми, а помала снежна покривка ќе се формира и во местата над 600 м.н.в.
Температурата ќе се движи од 7 до 16 Целзиусови степени.
Во Скопје слично време, со температура од -1 до 13 степени.
Под влијание на многу студен бран од север од утре следува период на променливо облачно, значително постудено и ветровито време, со засилен северен ветер и со слаби локални врнежи од снег.