fbpx

Претпладне ќе биде сончево, а попладнево ќе има невреме

-

Претпладнево времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно на југот и истокот од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. На места е можно процесите да бидат поинтензивни со појава на град и засилен ветер, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи.
УВ ќе биде 7.

Максималните дневни температури ќе се движат од 23 Целзиусови степени на крајниот запад на земјава, преку 28 во Охридско-струшкиот Регион, за каде исто така е прогнозирано невреме, до 33 степени во Демир Капија. Во Скопје највисоката температура ќе изнесува 32 Целзиусови степени.

Утре ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во јужните делови се очекува да бидат поројни и пообилни (над 30л/м2). Локални врнежи од дожд се уште ќе има и в понеделник претпладне.

Утре и в понеделник ќе дува повремено засилен северен ветер, а температурата значително ќе се намали. Најсвежо ќе биде утре, кога максималната температура на повеќето места ќе биде малку над 20 степени, прогнозира УХМР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...