fbpx

Претоварната станица во Тетово претворена во планина од отпад

-

Поради блокадата кон Русино која важи за камионите на јавните комунални претпријатија од полошко, но и отежнатото носење на тетовскиот отпад до депонијата „Дрисла“, на претоварната станица за смет во Тетово, секојдневно се трупаат стотици тони отпад.

Граѓаните кои живеат во близина на станицата стравуваат од појава на заразни болести.

– Па има многу ѓубре на депонијата, многу смрдеа доаѓа оттаму, не можеш прозорец да отвориш – вели жителка на Тетово.

Граѓаните велат дека конечно мора да се преземат мерки и да се реши проблемот со депонијата.

Десетти  ден камионите на тетовското комунално претпријатие полни со смет се блокирани на влезот од Гостивар.

Жители од неколку гостиварски села на чело со гостиварскиот градоначалник Невзат Бејта, не им дозволуваат на камионите да го продолжат патот до депонијата Русино, каде тетовските комуналци тргнаа да го депонираат отпадот.

Револтирани се што депонијата работи без никакви стандарди а патната делница која води до Русино е целосно уништена од камионите на комуналните претпријатија од полошко,  кои го транспортираат сметот до регионалната депонија, лоцирана на само неколку километри од Гостивар.

Од Јавното комунално претпријатие Тетово, изјавија дека сметот редовно се носел во депонијата „Дрисла“. Но по поплавите во скопскиот регион е отежнато носењето на тетовскиот отпад. Поради ваквата состојба, донеле одлука сметот привремено да го депонираат во Русино каде наишле на блокада.

– По блокадите секојдневно се водат преговори со жители од гостиварските села. Се надеваме дека ќе се договориме и ќе исполниме дел од нивните барања, односно да им го асфалтираме патот кој води до Русино, но тие во иднина да не пуштат слободно да го носиме ѓубрето во Русино.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...