fbpx

Премиерот Груевски го покани папата да ја посети Македонија

-

Премиерот Никола Груевски денеска, заедно со владината делегација, во чиј состав се министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и министерката за култура, Елизбета Канческа-Милевска, во Ватикан оствари средба со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, јавува МИА.

Премиерот Груевски го запознал папата со повеќе области и прашања важни за државата, како и со нејзините стратегиски интереси за членство во НАТО и во ЕУ и со напорите за нејзино побрзо интегрирање.

Првиот човек на Владата упати покана за посета на поглаварот на Римокатоличката црква на Македонија, што би претставувало значаен чекор за дополнително зајакнување и за интензвирање на заедничките пријателски односи.

На средбата присуствуваше и делегација на МПЦ – ОА, која, освен со папата, одржа средба и со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пиетро Паролин.

Средбата се одржува по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, и одбележувањето на нивната просветителска, општествена и културна дејност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...