fbpx

Преку осигурување, граѓаните ќе можат да инвестираат во акции на светските компании

-

Македонските граѓани ќе можат да вложуваат во вредноста на акциите на најголемите светски компании, преку животното осигурување „лајф инвест“, што е нов производ на „Винер лајф“ и „ВФП фонд менаџмент“.

Парите на македонските осигуреници ќе бидат вложени во инвестициски фонд, чии акции котираат на американската, швајцарската и на германската берза.

– При создавањето на овој производ, ги имавме искуството и знаењето на другите пазари каде има многу голем успех. Инвестициските фондови и странските пазари на хартии од вредност не се толку блиски, особено за граѓаните на Македонија. „Лајф инвест“ е производ што отвора нови можности и бенефции за осигурениците, така што корисникот е животно осигуран, но истовремено станува и инвеститор во хартии од вредност на реномирани светски компании – изјави генералниот директор на „ВФП груп“ од Австрија.

Искуството за користење на овој производ во Австрија е позитивно и секоја година има нови 10.000 корисници.

Во Македонија, во првата половина на 2015 година, има пораст во сите сегменти на функционирање на осигурителниот сектор.

– Во делот на осигурување на живот, продолжува двоцифрената стапка на пораст на приходите за 19,96 проценти, при што остварената полисирана бруто-премија изнесува 461,66 милиони денари. Во истиот период минатата година изнесуваше 384,84 милиони денари. Оваа висока стапка на пораст на осигурувањето на живот е една од највисоките стапки на пораст, споредено со сите земји во Европа – изјави неодамна Зоран Стојаноски од Агенцијата за супервизија на осигурување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...