fbpx

Преку ден умерено облачно, вечерва можен дожд

-

Времето во Македонија утрово е умерено облачно, претпладне со магла по одделни котлини, а вечерва во западните и северните делови ќе има врнежи од дожд.  Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, кој во западните делови повремено ќе засилува. Максималната дневна температура ќе се движи од 8 до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладнево има слаба магла, а преку денот ќе биде претежно облачно. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 8 Целзиусови степени.

Во наредните денови под влијание на јужно струење ќе биде сончево со умерена облачност, а дневните температури ќе бидат релативно високи. За време на викендот ќе надојде нов влажен бран со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во сабота. Од недела ќе има опаѓање на температурите и повремени врнежи од дожд и снег.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пропаганда за украинските деца депортирани во Русија одекна од европратеникот Де Грааф

Наспроти изнесеното во неговиот говор, украинските деца се депортирани во Русија и Комитетот на ОН ја обвинува за злоупотреба на правата на украинските деца. Од почетокот на воената инвазија,...