fbpx

Преку ден облачно, навечер дождливо

-

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер, претпладне од југоисточен, а попладне од северен правец. Попладне и преку ноќта ќе има слаби локални врнежи од дожд, повеќе во северните и во источните делови од земјата.

Утринската температура ќе се движи од 5 до 12 Целзиусови степени, а дневната од 15 до 21 степен.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Попладне и преку ноќта ќе има појава на слаб локален дожд.

Температурата ќе биде во интервал од 10 до 18 Целзиусови степени.

Од среда попладне ќе почне да дува северен ветер кој во наредните денови повремено ќе биде засилен и ќе предизвика значително опаѓање на температурата. Поради спуштање на студен воздух од север, во текот на ноќта кон петок и во петок претпладне на повисоките планини во северозападниот дел од земјава врнежите ќе поминуваат во снег. Од петок попладне следува период на стабилно, суво и постудено време.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...