fbpx

Прекинувачите нема да бидат во телекомите затоа што се странски компании

-

Законот за формирање на новата Оперативно-техничка агенција (ОТА) и новиот закон за следење на комуникациите кои вчера беа утврдени на владина седница се очекува по новогодишните празници да влезат во собраниска процедура за нивно донесување, брифираат од Министерството за внатрешни работи.

Двата системски закони се изготвени во рамките на реформскиот процес и препораките на експертската група на Европската Унија предводена од Рајнхард Прибе чија главна цел е да обезбедат поголема контрола врз работата на безбедносните служби и системот за следење на комуникациите и спречување на нивна злоупотреба.

Во работните групи за изготвување на законските решенија, како што брифираат од МВР, учествувала и опозицијата, а предлог-текстовите биле доставени до сите пратенички групи – од мнозинството и опозицијата во Собранието од каде немало никакви забелешки за предлог-законите.

ОТА ќе биде новата институција која ќе биде медијатор меѓу операторите и службите надлежни за следење на комуникациите (УБК, БЈБ, Јавното обвинителство, Царинската управа, Финансиската полиција и Министерството за одбрана односно военото разузнавање). ВО ОТА ќе бидат префрлени медијациските уреди за отсликување на сигналот од операторите кои досега беа во УБК. Таа ќе го активира сигналот и ќе им овозможува на органите овластени за следење на комуникациите пристап до податоците од комуникациско-информациските системи на операторите, но самата нема да може да го слуша разговорот кој се следи.

Решението медијациските уреди да бидат во посебна агенција, а не во самите телекомуникациски оператори, што беше предлог на Прибе, како што брифираат од МВР, било избрано поради тоа што операторите во земјава се со странски капитал и требало да се избегне опасноста податоците да се одлеваат на друга страна. Ова им било образложено и на експертите на Европската Унија.

Директорот на ОТА ќе го избира Собранието со двотретинско мнозинство и ќе има мандат од пет години без право на повторен избор. Според информациите од МВР, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на вчерашната седница на Влада се согласил агенцијата да има и заменик-директор, кој како и директорот треба да биде експерт во областа, а не политички кадар.

Бројот на вработени, каде ќе биде сместена новата агениција и колкава ќе биде нејзиниот буџет засега не е утвредено. Тоа ќе биде познато откако ќе биде донесен законот и ќе бидат донесени подзаконските акти и систематизацијата, врз основа на претходна анализа.

Според предлог-законот ОТА е предвидено да почне да работи од 1 ноември 2018 година, а дотогаш следењето на комуникациите ќе се врши според актуелните законски решенија.

Кој дотогаш ќе гарантира дека во меѓувреме нема злоупотреба на системите за следење на комуникациите од МВР брифираат дека од 1 јуни годинава, по изборот на новата Влада и доаѓањето на новото раковдство во Министерството била формирана комисија и назначен безбедносен офицер чија единствена задача е да ги анализираат сите наредби за следење на комуникациите – превентивни и репресивни и да изготвуваат извештаи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мета факт: Го нема ветениот нов електронски дневник, наставниците го користат стариот

Одговорните во Министерството за образование и наука (МОН) најавија дека од минатиот септември, односно од учебната 2023/2024 година, ќе биде пуштен во употреба нов електронски дневник, со кој требаше...