!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

Прекината блокадата на Евзони, соопшти АМСМ


       
Скопје, 17 февруари, 2017 - 12:26 (META) 

Граничниот премин Евзони денеска е прооден за сите видови на возила, а блокадата од трактори е отстранета, соопшти АМСМ и додаде дека на преминот нема подолги задржувања за влез и за излез од Македонија.

Грчките земјоделците претходно соопштија дека на пладне ќе почнат да се повлекуваат од блокадата.

– Одлучивме во петок на пладне да започнеме да се повлекуваме од клучката кај Идомени, блиску до преминот Евзони на границата меѓу Грција и БЈРМ и да се вратиме на нашите ниви – изјави Томас Карипидис, претставник на земјоделците кои го блокираа Евзони за грчката информативна агенција АПЕ.

По средбата со вицепремиерот Драгасакис  фармерите не добија решение на повеќето барања, но Владата се обврза да достави до парламентот на гласање некои олеснувања во даночната и осигурителна програма.

Преминот Евзони беше блокиран од земјоделците од 30 јануари. Целосната блокада создаде огромни проблеми и за туристите и за товарниот превоз, за македонската индустрија и за солунското пристаниште кое беше преполнето со контејнери со производи за македонските компании.