fbpx

Предвременото раѓање е водечки убиец на деца во светот

-

Повеќе од 3.000 деца секојдневно умираат од компликации при предвремено раѓање, објави Светската здравствена организација по повод 17 ноември, Светски ден на предвремено родени деца.

Првпат во историјата, компликациите од предвремено раѓање водат пред сите други причини за смрт на бебиња.

На 6,3 милиони смртни случаи на деца, на возраст под пет години, во 2013 година, од компликации при предвремено раѓање починале  1,1 милиони деца, покажува истражувањето објавено во „Ленсет“ (The Lancet) од страна на истражувачкиот тим координиран од Роберт Блек од школата за јавно здравство „Џонс Хопкинс Блумберг“, во соработка со Светската здравствена организација и со Лондонската школа за хигиена и за тропска медицина.

Поточно, од директни компликации од предвремено раѓање починале 965.000 деца во првите 28 дена од животот, а 125.000 смртни случаи настанале на возраст од еден месец до пет години. Главна причина за смртта кај децата е пневмонија, од која починале 935.000 деца помлади од пет години, од кои 662.000 во неонаталниот период и 58.000 во постнеонаталниот период.

Земји со најголем број деца помлади од пет години кои умираат од компликации при предвремено раѓање се: Индија (361.600), Нигерија (98.300), Пакистан (75.000), Демократската Република Конго (40.600), Кина (37.200), Бангладеш (26.100), Индонезија (25.800), Етиопија (24.400), Ангола (15.900) и Кенија (13.300).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...