fbpx

Предвреме отплатен долгот кон ММФ

-

Република Македонија предвреме го отплати долгот за кредитната линија за претпазливост во износ од 312 милиони американски долари кон ММФ, со што заштеди пет милиони евра, информираше вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески. Со вчерашната трансакција во Вашингтон, во износ од 174 милиони долари, е исплатен целиот долг од оваа кредитна линија и тоа е направено поради порастот на курсот на американкиот долар во однос на еврото.

– Во последните месеци има пораст на курсот на американсиот долар во однос на еврото и на другите валути, кој, според аналитичарите, ќе продолжи и во следниот период. Предвидувањата се дека вредноста на доларот во однос на еврото ќе се зголеми дури за 10 отсто до крајот на 2016 година – рече Ставрески.

Со предвременото отплаќање на долгот кон ММФ, заштедени се пет милиони евра на камати и на курсни разлики, подобрен е имиџот на државата, а државниот долг е намален за 1,7 процентни поени.

Првиот дел од долгот од кредитната линија за претпазливост од 138 милиони долари е вратен во 2014 година, а останатите 174 милиони долари се отплатени вчера.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мета факт: Го нема ветениот нов електронски дневник, наставниците го користат стариот

Одговорните во Министерството за образование и наука (МОН) најавија дека од минатиот септември, односно од учебната 2023/2024 година, ќе биде пуштен во употреба нов електронски дневник, со кој требаше...