fbpx

Предложените законски измени ги раскараа нотарите и адвокатите

-

Додека трае подготовката на измените на Законот за нотаријат, нотарите и адвокатите се поделија околу предлогот да се воведе законска обрска за ангажирање правен застапник при склучување договор. Според нотарите, адвокатите и сега се чести гости во нивните канцеларии и немаат ништо против нив, но од принципилени причини не сакаат да го прифатат новото законско решение. Тие реагираат на обврската, која со измените е планирано да стане задолжителна.

Нотарската награда во моментот зависи од вредноста на предметот. На пример, во оставинска постапка, ако вредноста на предметот е до 10.000 денари, а треба да се дели на двајца наследници на починатиот, тогаш секој од нив ќе треба да има ангажирано адвокат, иако нотарската награда во ваквите предмети е 480 денари. Ова и најмногу ги буни нотарите кои прашуваат како со 480 денари ќе се плати и нотарот и двајцата адвокати.

Како што пишува „Плусинфо“, во нотарските кругови се шпекулира дека целта на измените на законот е услугите на неколку адвокатски канцеларии блиски до власта да бидат неопходни за големите компании за режиски трошоци при предметите каде овие фирми ги наплаќаат долговите од должниците. Како што тврдат нивните извори, досега предлозите за тужење на должниците ги правеле правните служби во овие компании, а ако поминат измените во законот, тогаш предлозите ќе мора да ги подготвуваат адвокати, што би ја отворило вратата на адвокатските канцеларии за соработка со нив.

Инаку, Владата на крајот од летото го задолжила Министерството за правда да подготви измени на Законот за нотаријат, со кои се предвидува задолжително присуство на адвокат при составување нотарски акти за вредност поголема ос 20.000 евра, како и задолжителност на адвокатски печат на приватните исправи што ги потврдува нотарот, а кои се со вредност поголема од 10.000 евра.

Ваквата обврска, за задолжителен адвокатски печат за договорите и за правните работи за кои се составува нотарски акт, не важи за банките, осигурителните друшва или лизинг-компаниите, но во вакви случаи другата договорна страна, односно граѓанинот, мора да има адвокат.

Адвокатите за медиумите тврдат дека во моментов никој не ја гарантира правната заштита на граѓаните зашто нотарите го немаат тоа право, а со закон не е задолжително тоа да го прават адвокатите. Всушност, граѓанинот самиот одлучува по сопствена волја дали сака да ангажира адвокат во постапката во која се составува нотарски акт, односно за хипотека, за купопродажни договори, платни налози, оставински постапки и имотни прашања.

Нотарската комора на Република Македонија до премиерот Никола Груевски и до Владата доставила мислење дека со воведување на задолжително присуство на адвокатите во постапка пред нотар се деградира нотаријатот како независна и јавна служба и се руши правото на диспозиција на волја на странките.

И Меѓународната унија на нотарите со седиште во Рим е против предлогот за измена на Законот за нотаријат и официјално со писмо реагирале до премиерот Никола Груевски и до министерот за правда, Аднан Јашари. Во реакцијата е наведено дека се загрижени за најавените измени во нотаријатот и поставаат неколку дилеми.

Тие се интересираат како ќе се регулира поделбата на задачите, кој ќе ги контролира надлежностите, кој ќе даде гаранција за составените документи и кој ќе одговара во случај на злоупотреба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...