fbpx

Предизборни рокови: Што сè нè чека до гласањето на 11 декември?

-

Двапати одложуваните предвремени парламентарни избори, овојпат ќе бидат закажани на 11 декември.

Ова пред два дена го договорија лидерите на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино откако претходно двапати ги одложија изборите, кои беа закажани на 24 април, па на 5 јуни.

Доколку партиите не се премислат и повторно не ги одложат изборите, еве кои се роковите од Изборниот законик што треба да ги испочитуваат институциите:

  • 2 септември (денеска) – Новите министри и дополнителни заменици-министри од СДСМ и официјално ќе бидат избрани за членови на владата;
  • 12 октомври – треба да се распушти Собранието и да се распишат избори;
  • 17 октомври – Радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет-порталите) се должни да утврдат ценовници за платено политичко рекламирање на учесниците во изборниот процес;
  • 27 октомври – ДИК мора да го стави на јавен увид избирачкиот список. Јавниот увид трае 20 дена, до 16 ноември;
  • 11 ноември – ДИК треба да ги објави описите на изборните единици;
  • 18 ноември – ДИК мора да ги објави во дневен печат листите со кандидати за пратеници;
  • 21 ноември – Почнува изборната кампања;
  • 22 ноември – ДИК ќе им го достави избирачкиот список на политичките партии, а тие, во рок од пет дена, до 27 ноември, мора да достават барање за запишување, дополнување или бришење податоци;
  • 27 ноември – ДИК го потпишува избирачкиот список;
  • 8 декември – Државната изборна комисија треба да го предаде изборниот материјал на општинските изборни комисии;
  • 10 декември  – Завршува изборната кампања и почнува изборниот молк;
  • 11 декември – Предвремени парламентарни избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...