fbpx

Предимензионираната градба ја урна цената на станбениот квадрат во Охрид

-

Големата понуда на станови и малиот интерес за купување, доведоа до опаѓање на цената на станбениот квадрат во Охрид. Ако пред само неколку години во Охрид, тешко можеше да се најде стан за цена пониска од 800 евра за еден квадратен метар, сега станови во охридските станбени комплекси се продаваат и по цени пониски од 600 евра за квадратен метар.

Во потесното подрачје на градот, цената на становите се движи околу 790 евра за еден кавадратен метар и до 1.000 евра на самиот езерски брег. Становите на булеварот Туристичка се движат по просечна цена од 600 евра за еден квадратен метар, а за 650 евра квадратен метар се продаваат станови на улицата Богомилска и во населбата Христо Узунов.

Станови за цени пониски од 600 евра се нудат кај Болничкиот комплекс и во Билјанини извори.

Цените на становите ги намали и Јавното претпријатие за изградба и за стопанисување со станбен и деловен простор, кое понуди станови со почетна цена од 599 евра за еден кавадратен метар.

Според податоците што ги објави Државниот завод за статистика, лани во Охрид биле изградени 353 станови со вкупна корисна површина од 23.103 квадратни метри.

Поради атрактивноста на просторот и предимензионираната градежна оператива, Охрид спаѓа меѓу трите града во Македонја со најдинамична станбена изградба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...