fbpx

Пред МРТВ се „пееше“ бушавата азбука на режимот

-

Стотина граѓани се собраа пред Македонската радио-телевизија (МРТВ) на протестот, кој почна во 12 часот, поради одбивањето на националниот сервис да ги емитува аудиоснимките од „бомбите“ што ги објавува лидерот на опозицијата, Зоран Заев.

Пред присутните, покрај предводникот на протестите, Стојанче Ангелов се обратија и истакнати личности од општествениот и од културниот живот во државата.

Доајенот на македонското спортско новинарство, Атанас Костовски, со насобраните граѓани сподели дел од неговото искуство во МРТВ, кога, како што рече, се пренесувале сите информации и телевизијата била вистински сервис на граѓаните.

– Сакаат нивната вистина да биде наша, тоа не може. Сите знаеме дека пролетта доаѓа. И промените ќе дојдат. На колегите им порачувам дека доаѓа време за многу нови емисии – без наслов, но со повод – рече Костовски.

Актерката Ана Костовска ја пееше најавната нумера од легендарната емисија во продукација на тогашната Радио-телевизија Скопје, сега МРТВ, „Бушава азбука“.

– Пред 30 години во овој објект ја почнував мојата кариера. Ја пеев азбуката на нашата демократија. Но, сега дојде време да ја пееме азбуката на режимот – рече Костовска.

Во своето обраќање на денешниот протест, Стојанче Ангелов се осврна на снимките од последната „бомба“ што ја објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев и уште еднаш го повика премиерот Никола Груевски да си поднесе оставка.

– Ние во Македноја немаме избори. Како може по сè што слушнавме да мислиме дека оваа власт е легитимна. Да не се навраќам многу, ќе кажам само за последните криминали на власта за кои слушнавме, провизијата која си ја зеле од изградбата на автопатите. Ако толку многу зеле само од изградба на автопат, можеме да замислиме само колку зеле од „Скопје 2014“, од браните, гасоводите и од другите објекти. Груевски, уште еднаш те повикувам, поднеси си оставка. Ниту во ВМРО-ДПМНЕ не те сакаат повеќе и нема да те изберат за претседател на партијата на наредниот конгрес – рече Ангелов.

Тој најави дека се подготвува „Граѓански пленум“, кој ќе ги обедини сите граѓани.

– Јас ветувам еден милион евра за оној јавен обвинител што ќе го уапси Груевски. Парите нема да ги дадеме од буџетот на државата, туку од оние кои ќе им ги одземеме ним. Во тек е формирање на „Граѓански пленум“. Сите заедно да се обединиме, натпартиски, надетнички и надверски. Во тек е синхронизација на бомбашки напад. В понеделник, од 19 до 19.30 часот, на сите слободни медиуми да бидат пуштени „бомбите“ – рече Ангелов.

Тој им се заблагоадри на сите граѓани што денеска излегоа пред зградата на МРТВ и ги повика наредната сабота да се соберат во многу поголем број и заедно, како што рече, да го срушат овој режим.

– Јас немам намера да си одам од мојата држава поради група бандити – рече Ангелов.

Еве ја азбуката на режимот, за која пред насобраните граѓани зборуваше актерката Ана Костовска:

А – Ало Миле? Ало началниче?
Б – Будалетинки
В – Вол
Г – ГУП, Говедо, Гревчиња
Д – ДУП, Да не е многу, Да му ебам матер
Ѓ – Ѓон образ
Е – Ендек
Ж – Жутите
З – Згради – мади, Забегани, Затвор – сите таму ќе завршиме
Ѕ – Ѕвони му на Миле, Ѕвони му на Кире
И – Имаш за частење
Ј – Јеби га началниче
К – Комуњари, Копиле, Комбе, Каменот од блиску доаѓа
Л – Латас, Лижење, Лудаци сме
Љ – Љубе лежи ко говедо
М – Ми текна, Мајката ќе му ја ебеме, МВРО-ДПМНЕ
Н – Некое ливче нека снема, Началниче, Ние сме ненорамални
Њ – Њо Њо Њо Њо Њо
О – Ортомче
П – Пустец, Пичка му материна, Плац на Водно
Р – Рекет
С – Странски служби, Судии, Снег во Охрид
Т – Трици да не јадат, Тие се против нас
Ќ – Ќе земам динамит следниот пат, да не го тупиме
У – Ургенција, У центар наебавме
Ф – Филимена, Фросина, Фонтани – чуда
Х – Хју Грант, Хиихихихихии, Хаахахааахахахаа
Ц – Циган по циган за уши, Цановски Фиат
Ч – Човечиња, Чоколадо јадеме, за леб немаме, Че прајм
Џ – Џубре
Ш – Шупак, Шу праиш?

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...