fbpx

Православните верници го слават Богојавление – Водици

-

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици, поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на Јован Крстител. Празникот, кој уште се нарекува Водици поради големото осветување на водите што го извршува црквата на овој ден, се празнува уште од вториот век од нашата ера.

На овој ден, традиционално во реките се положуваат крстови. Оној што ќе го фати Светиот крст се верува дека ќе го следи среќа и благослов во текот на целата година.

Како и претходните години, најмасовна посетеност на манифестациите по повод Богојавление – Водици се очекува да има во Скопје и во Охрид. Во Скопје за учество на манифестацијата „Водици 2017“ се пријавени повеќе од 150 граѓани.

Централната манифестација ќе се одржи напладне, кога архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе го положи крстот во реката Вардар од мостот „Слобода“. Претходно, од 9 часот, поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија ќе богослужи Златоустова литургија во црквата „Рожденство на Пресвета Богородица“.

Во Охрид во сите православни храмови ќе се служат, по што литиите ќе се упатат кон градското пристаниште, каде во 10 часот ќе бидат осветени езерските води и ќе биде фрлен Светиот крст.

По повод празникот, претседателот на државата Ѓорге Иванов упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан и до сите православни верници.

„Богојавление е симбол на духовното раѓање и новиот почеток во животот на верникот. Како симбол на новиот почеток, Богојавление треба да нè потсетува да не се навраќаме на старото, туку да се стремиме кон живот исполнет со љубов, понизност, милост и солидарност. Да се престигнуваме со добрина, и да го градиме нашето мултиетничко, мултирелигиско и мултијазично општество во мир, соживот и почитување на различноста“, се вели во честитката на Иванов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше...