fbpx

Правниот факултет го отфрли предложениот концепт за државен испит

-

Деканската управа на Правниот факултет „Јустинијан Први“ вели дека идејата за воведување систем на дополнителна проверка на знаењата стекнати на високообразовните институции во Македонија е за поздравување, но понудениот модел е несоодветен да се вклопи во пошироките концепти на организирање на високото образование и на општествено уредување Македонија и дека има сериозни недостатоци. Во дописот стои и дека предложеното полагање на државниот испит би се совпаднало со полагањето колоквиуми.

„Нашите студенти по завршувањето на високото образование, за сите служби од правната сфера, веќе полагаат бројни државни испити. Така, идните судии, обвинители и адвокати задолжително полагаат правосуден испит, идните службеници задолжително полагаат стручен испит, идните нотари задолжително полагаат нотарски испит, идните извршители задолжително полагаат државен испит за извршители“, наведено е во дописот.

Според Правниот факултет, со воведувањето на државниот испит во текот на студирањето, се нарушува и болоњскиот процес на кој се заснова Законот за високото образование.

„Правниот факултет ја поздравува идејата на Владата за донесување комплетно нов Закон за високото образование, со кој конечно ќе се реши статусот на јавните и на приватните високообразовни установи во државата и искрено се надеваме дека со новите законски решенија нема да се дозволи како досега, одредени јавни високообразовни установи да се финансираат со 78,5 проценти буџетски средства, а за останатите, средствата кои не им се исплаќаат од државниот буџет да ги дополнуваат од кофинансирањето на студентите“, пишува во дописот.

Сите вработени на факултетот треба до петок да ги кажат своите ставови за државниот испит, кои потоа ќе бидат пратени до Министерството за образование.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...