Пратениците од Израел изгласаа распуштање на парламентот


       
Тел Авив, 9 декември, 2014 - 10:53 (META) 

Распуштање на Кнесетот (парламент) изгласаа, израелските пратеници вчеравечер. Со тоа се отвори патот за предвремени парламентарни избори на 17 март 2015 година, откако премиерот Бенјамин Нетанјаху смени двајца министри од својот кабинет од центристичките партии.

Во Кнесетот кој брои 120 пратеници, за распуштање на парламентот гласаа 93 пратеници, а никој не гласаше против оваа одлука.