fbpx

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ си дебатираат сами, СДСМ не дискутира

-

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска, на 15. продолжение на конститутивната седница на Собранието, повторно сами си дебатираат во законодавниот дом. Наместо расправа по точката на дневен ред – избор на претседател и на членови на Комисијата за избори и за именувања, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ преку реплики и контрареплики, најчесто напишани, дискутираат за платформата на политичките партии на Албанците.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека пред да се премине на наредна постапка, во Собранието, најбитно е да се даде одговор што е договорено помеѓу СДСМ и ДУИ и побара јавно да се покажат сите документи.

Сурија Рашиди од Алијансата за Албанците рече дека со заедничката декларација на албанските политички партии не се загрозуваат националните интереси на Македонија.

– Се обидувам да сфатам кои национални интереси се загрозуваат со платформата на албанските политички партии, како што велите вие. Оваа декларација е придонес за понатамошна стабилизација на државата. Со оваа декларација не се загрозува македонскиот јазик, ниту културата, верата, идентитетот. Со жалење ќе морам да констатирам дека вас не ве интересираат стратешките интереси на Македонија туку ве интересираат интересите на вашиот лидер и на неговиот близок роднина – рече Рашиди.

Пратениците на СДСМ на ова продолжение на конститутивната седница, досега не се јавија ниту за реплики ниту за процедурални забелешки.

Седницата продолжува во 15 часот, по паузата за ручек.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...