!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

ВМРО-ДПМНЕ поднесe интерпелација и за Алаѓозовски


       
Скопје, 12 август, 2017 - 14:49 (META) 

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието на Република Македонија поднесоа интерпелација за министетот за култура Роберт Алаѓозовски, бидејќи, како што изјави пратеничката Ане Лашкоска на прес-конференција, со доаѓањето на Алаѓозовски на функцијата, оваа област за кратко време го допрела дното.

Алаѓозовски е шестиот министер од владата на Зоран Заев за кого опозициската коалиција неделава поднесува интерпелација.

Лашкоска нагласи дека под итно мора да запре „неоварваризмот кој што секојдневно го шири Алаѓозовски со што нанесува огромна штета на угледот на Република Македонија на културен план“.

– Во изминатиот период наместо унапредување на културата и културниот развој на Република Македонија, за многу кратко време откако Роберт Алаѓозовски беше назначен за министер од страна на СДСМ, имаме тренд на уназадување на културата и на културниот развој, преку партизација на културата, селекција и дискриминација на уметниците и културните дејци во нашата држава, не водење грижа за културното наследство, запирања на сите капитални инвестиции во културата и многу други активности кои водат во таа насока – рече Лашоска.

Таа потензираше дека ребалансот на Буџетот и кратењето на средствата во културата се најеклатантен пример за тоа колку Владата на СДСМ и министерот Алаѓозовски „немаат никакво чувство на припадност, никакво чувство за култура и за културните и уметничките вредности и за македонското културно наследство“.

ВМРО-ДПМНЕ обвинува и дека со доставените измени на Законот за култура Алаѓозовски донел одлука за централизација на одлучувањето во културата.