This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Mon Dec 11 9:10:13 2017 / +0000 GMT

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги нападнаа медиумите и невладините организации



Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на денешното продолжение на седницата за разрешување на државниот јавниот обвинител Марко Зврлевски ги нападнаа медиумите и невладините организации дека одработуваат за власта со критики до опозицијата дека го блокира разрешувањето на јавниот обвинител, наместо да известуваат за „важните прашања“.

- Деновиве имаме оркестрирани напади од одредени портали на кои ударните наслови им се дека ВМРО-ДПМНЕ не дозволува и го блокира разрешувањето на Марко Зврлевски, а молчат за важните прашања. Марко Зврлевски ќе биде разрешен, но по 16 октомври, членот 8-а од Изборниот законик е јасен - рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

На него се надоврза пратеникот Зоран Ѓорѓиевски, кој рече дека „антирежимските станаа владини медиуми кои не ги интересира што се случува во државата“.

Павлинче Честојнова од опозициската ВМРО-ДПМНЕ која рече дека невладините здруженија кои претходно „за три пресечени дрвја одржуваа прес-конференции, денес ги нема никаде кога пожарите изгореа голем дел од шумите“.

И на денешното продолжение на седницата на собраниската говорница речиси без исклучок се пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои меѓусебно си реплицираат и контрареплицираат, барајќи наместо за разрешувањето на Зврлевски, кое според нив во период на распишани локални избори е незаконски, да се расправа за пожарите, задолжувањето, стратегијата за бегалци и кадровските промени во државните институции.

Пратеничката Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ ги повика пратениците од владејачката СДСМ да се вклучат во дискусијата и да ги кажат своите аргументи за разрешување на Зврлевски.

- Најчесно и најдостоинствено ќе ве замолам да се вклучите во дискусијата затоа што во ваш интерес е граѓаните да слушнат зошто Зврлевски треба да биде разрешен. Вака излегува дека единствената причина тој да биде разрешен е за да може да поднесете што повеќе обвиненија пред локалните избори и да правите циркуси и да ги дефокусирате граѓаните - рече Рангелова.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев обраќајќи се процедурално рече дека пратениците на владејачката партија нема да дозволат да бидат вовлечени во ваква бесмислена расправа.

– Јас морам да укажам дека о