fbpx

Пратениците му дадоа виза на законот за јазиците да оди на комисиска расправа

-

На денешното продолжение на 15-тата седница, пратениците, со 66 гласа „за“ и 41 „против“, го пуштија предлог-законот за употреба на јазиците на второ читање во надлежните комисии.

Кога почна гласањето од пратеничките клупи на ВМРО-ДПМНЕ се слушаа извици „против, против“.

Пред гласањето координаторот на првата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски се обрати процедурално и кажа дека со овој закон не се затвора проблемот со употребата на албанскиот јазик, како што според него, рекле и колегите од ДУИ, Беса и Алијанса за Албанците.

– Со ова се злоупотребија деловникот и ЕУ-знаменцето. Овој предлог-закон не е во рамките на Уставот и на Охридскиот рамковен договор. Со него државните институции нема да бидат поефикасни и поекономични, туку потроми. Овој закон не ја прави Македонија онаква каква што ја оставиле нашите предци, како мултинационално општество, туку ја прави бинационална држава – рече Димовски.

Откако се гласаше, Димовски побара пауза од половина часа и транскрпти од седницата. Џафери го прифати барањето.

Во расправата во неколкуте продолженија на 15-тата седница, пратениците од опозицијата обвинуваа дека законот е против Уставот и начелото за унитарност на државата, а пратениците од владејачката коалиција тврдеа тој овозможува остварување на човековото право за користење на мајчиниот јазик.

И пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и таа на СДСМ рекоа дека ќе поднесат амандмани за законот, кои ќе се разгледуваат во матичната комисија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...