fbpx

Пратениците ја усвоија одлуката на Владата за прераспределба на 1,6 милијарди денари

-

Собранието на Република Македонија денеска со 51 глас „за“, 25 воздржани и ниту еден глас „против“ ја усвои одлуката на Владата за прераспределба на 1,657 милијарди денари меѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите.

Со прераспределбата помеѓу буџетските корисници треба да се обезбедат средства за исплата на достасани обврски за сметка на проекти кај кои е забележано позабавено темпо на реализација.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, образложувајќи ја одлуката во Собранието, рече дека со отплата на долговите наследени од претходната власт, ќе се заштедат пари кои би се потрошиле за плаќање камати и за судски трошоци за ненамирени обврски.

Според координаторот на првата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, прераспределбата во буџетот за 2017 година ги покажува слабостите при планирање и реализација на средствата.

Парите ќе бидат пренаменети за да се исплатат долговите за изградбата на Македонската филхармонија, за албанскиот театар во Скопје, за театарот и за библиотеката во Тетово, објектот на Факултетот за драмски уметности, за опрема за МВР, како и за преводи на книги и за бесплатни учебници.

Пари се земаат од тие наменети за привремени вработувања, за минимална плата, за невладини организации, за реконструкција на згради на владини органи, за министерствата за одбрана, правда, надворешни работи и животна средина, како и од тие за изградба на основни училишта, за спортски сали и за студентски домови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...