fbpx

Пратениците денеска ќе расправаат за законот за студентски стандард

-

Собранието денеска ќе го одржи првото продолжение на 117. седница.

Дневниот ред на седницата е дополнет со предлог-закон за изменување и за дополнување на Законот за студентски стандард.

Пратениците денеска ќе ги разгледаат и предлог-законот за ратификација на спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за колокација на дипломатско-конзуларните претставништва, како и предлог-законите за изменување и за дополнување на Законот за експропријација, на Законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост, на Законот за игрите на среќа и за забавните игри и на Законот за железничкиот систем, четирите по скратена постапка.

На дневен ред на денешната седница се и предлозите за изменување и за дополнување на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост и на Законот за престанување на важење на законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност, поднесен од пратениците од опозицијата. Пратениците денеска ќе расправаат и за предлог-законот за вработување сто најдобри дипломирани студенти на јавните универзитети во Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...