fbpx

Пратениците далеку од договор, седницата продолжува утре напладне

-

Конститутивната седница на Собранието на која се расправа за избор на претседател, заменик-претседател, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе продолжи утре напладне.

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски побара седницата да продолжи и по 18 часот, но Вељаноски не се согласи да ја продолжи седницата и нејзино продолжување закажа за утре во 12 часот.

Речиси целата седница помина во реплики и контрареплики на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за платформата на Албанците како и „за зачувување на унитарноста и суверентетот на државата“.

Џеват Адеми од ДУИ го праша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски од кога му пречи платформата на албанските партии.

– Од кога колега Милошоски ви пречи т.н. платформа од Тирана која не постои. После 29-ти? Ни пред 29-ти не постоеше, како што не постои ни после 29-ти. Албанците во Македонија имаат легална, легитимна, демократска политичка елита и немаат потреба од инструкции, немаат потреба од наметнати „документи“ и немаат потреба да бидат ничии аргати за други цели – рече Адеми.

Во меѓувреме 20 пратеници поднесоа предлог за кандидат за претседател на Собранието на Република Македонија да биде Талат Џафери. Пратеникот на СДСМ, Петре Шилегов рече дека реплицирањето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сами на себе е кршење на деловникот и дека ако тоа продолжи ќе се случи колабирање на системот.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Комисијата за избори и именувања, Илија Димовски рече дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го црпат правото за дебатирање од демократијата.

– Деловникот на Собранието дава две алтернативи за предлагање кандидат за претседател на Собранието, а тоа е преку Комисијата за избори и именувања и преку предлог на 20 пратеници. Едната алтернатива не ја поништува другата. Легитимно е 20 пратеници да го предложат Џафери, но, тие не смеат да го блокираат правото на Комисијата или на други 20 пратеници да предложат кандидат – рече Димовски.

Движењето Беса соопшти дека нема да ја поддржи кандидатурата на Талат Џафери за претседател на Собранието и дека предложиле нивен пратеник за кого рекоа дека е човек кој е со кредибилитет и не е поврзан со криминал и корупција, но дека нивниот кандидат не бил земен в предвид од СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не постои план за нов светски поредок со една влада, една религија и една војска

Тврдењето за создавањето на „една светска религија“ потекнува од познатите теории на заговор, како што е теоријата на заговор за Новиот светски поредок. Според овие теории на заговор, повеќето...