fbpx

Познатиот американски бренд за брза храна „КФЦ“ ќе отвори ресторани во Скопје и Тетово

-

Премиерот Зоран Заев синоќа се сретна со Фатмир Зимбери, сопственик на лиценцата за отворање на ресторани за брза храна на американскиот бренд „КФЦ“ (KFC – Kentucky Fried Chicken), на која беше најавено отворање на првите два ресторани, во Тетово и Скопје на 14 септември.

Инвестицијата е вредна повеќе од 10 милиони евра и согласно подготвениот бизнис план планирано е да се отворат повеќе ресторани во земјава со околу 400 нови работени места.

„Премиерот Заев, поздравувајќи ги намерите на компанијата, изрази особено задоволство заради доаѓањето на светски познатиот бренд и порача дека секоја нова инвестиција во Македонија освен што отвора нови работни места и придонесува за економскиот развој, испраќа и силна порака до новите инвеститори дека државата е безбедна и солидна на пазарот“, информираат од Влада.

Зимбери информирал дека до крајот на годината се планира отворање на вкупно три ресторани во Македонија, со подготвен четиригодишен бизнис план за отворање 15 до 20 ресторани со вкупно 400 вработени.

„Особено сум среќен дека со инвестицијата вредна над 10 милиони евра, ние освен нашите вработени, обезбедуваме партнерство исклучиво со домашни компании од кои се снабдуваме со потребните суровини и намирници“, истакнал Зимбери.

Тој додал дека „КФЦ“ како лидер во подготовка и послужување на пилешко месо, веќе има направено анализа на позициите на регионите во Македонија, каде може да се стимулира одгледувањето на кокошки.

Компанијата „КФЦ“, со седиште во Кентаки, САД е основана во 1991 година и со повеќе од 23.000 ресторани во над 120 држави е втор најголем ресторан за брза храна во светот. „КФЦ“ е лидер во подготовка и послужување на пилешко месо подготвено на специфични начини.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...