!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Пожарот на Градежен факултет изгаснат, се расчистува просторот


       
Скопје, 9 ноември, 2017 - 11:37 (META) 

Пожарот на Градежниот факултет е изгаснат, во моментов се повлекуваат и последните возила со кои скопските пожарникари интервенираа претпладнево, објасни за „Мета“ Звонко Томески, командантот на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) на Град Скопје.

– Во моментов се вршат последни расчистувања и ја прибираме опремата, па и последните од 12-те возила со кои се интервенираше наскоро ќе заминат – вели Томески.

Тој посочи дека проблем имало при пристигањето до зградата, бидејќи пристапот на пожарникарските камиони бил оневозможен поради паркирани возила, па била повикана на помош полицијата, која заедно со пајак-службата ги отстранила возилата.

Томески објаснува дека пожарот бил обемен, и гаснењето барало напорна работа. Сепак, вели тој, интервенцијата беше навремена и спречено е пожарот дополнително да се прошири.

Пожарот избил на вториот кат на зградата, по што набргу го зафатил и покривот. Пожарникарите биле повикано во 9.10 часот претпладнево.