fbpx

Пожарот кај Булачани и Раштак е локализиран, пожарите во Кумановско изгаснати

-

Пожарот кој беснееше од неделата на Скопска Црна Гора во близина до селата Булачани и Раштак е локализиран, но постои опасност повторно да се разгори.

Пожарот зафати околу 500 хектари трева и ниско стеблеста шума, при што настрадаа бачило и викендичка.

Пожарите кои неколку дена ја зафатија шумата во селата Белановце, Отља и Стрима, се изгаснати од дождот што вчеравечер паѓаше во Кумановско, вели директорот на ЈП Македонски шуми – Шумско Стопанство Куманово, Ваит Саити.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...