This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Fri Nov 17 23:01:57 2017 / +0000 GMT

Пожари во Подгорица, пламенот висок десетици метри




Голем шумски пожар изби денеска попладне кај трговскиот центар „Делта“, во главниот град на Црна Гора, Подгорица, а пожарникарите се обидуваа да ги заштитат куќите од огнот, чии пламења достигнуваа и до неколку десетици метри во височина.

Набргу голем пожар се прошири и кај Тутунскиот комбинат, а огнот се закануваше да зафати неколку куќи.

Ситуацијата е критична и многу граѓани се вклучуваат да помогнат. Покрај овој пожар, голем пожар има и на вегетацијата во Мареза каде огнот го гаснат три екипи. Влезот во Подгорица од правец на Никшиќ е блокиран, па полицијата ги враќа возилата назад преку Мареза.

Пожар има и во селата Црнци и Лопате. И на овие места загрозени се голем број домаќинства, а четири противпожарни екипи се справуваат со пламените јазици.

Во исто време, пожар гори и кај Суто Море, на јадранскиот брег, како и кај поранешната престолнина Цетиње и кај Даниловград.
Post date: 2017-07-16 18:36:45
Post date GMT: 2017-07-16 16:36:45
Post modified date: 2017-07-16 18:49:25
Post modified date GMT: 2017-07-16 16:49:25
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com