fbpx

Во Далмација беснеат пожари, повредени околу 80 луѓе

-

Стотици пожарникари од сите делови на Хрватска се борат со шумскиот пожар што најпрво изби околу градот Сплит, а потоа и навлезе во него. Од 7 часот утрово на помош пристигнаа и авионите за гаснење пожари, „канадер“ и „ертрактор“. Небото над Сплит е сиво и изгледа како покриено со густи облаци.

Во гаснењето на пожарот кај Сплит ангажирана е и хрватската војска, која вчера заедно со граѓаните во Сплит се бореше со огнената стихија во ракетната база Жрновница и во градските четврти Камен и Кила.

Шумски пожари беснеат и во Срњине, Жрновница, Подстрана, Строжанец. Изгорени се голем број куќи на перифериите на населените места, како и деловни објекти и автомобили. Дел од населението самоволно ги напушти живеалиштата во загрозените подрачја. Во „Спаладиум арена“ е отворен прифатен центар. Ангажирани се и спасувачи, екипи на брза помош, како и полицијата.

Во пожарот што од вчера беснее на потегот од Сплит до Омиш полесно се повредени околу 80 луѓе, главно пожарникари, и за среќа нема потешко повредени.

Се смета дека досега се изгорени 4.500 хектари борова шума, насади со маслинки, ниска вегетација покрај куќите и деловните објекти.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ пристигна во Сплит на состанок со кризниот штаб.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...