fbpx

Пожар во РЕК Битола, првиот блок исклучен, еден работник е повреден

-

Поради ненамерна човечка грешка, како што соопштија од РЕК Битола, денеска нешто по 13 часот, при рутинска манипулација на 6-киловолтната постројка на блок 1 на РЕК Битола, дошло до пожар на дел од кабловските системи, кој со навремена интервенција на надлежните служби на комбинатот бил неутрализиран и изгаснат.

Притоа повреден бил работник кој со возило за итна медицинска помош е транспортиран до битолската болница, каде што по извршената медицинска интервенција, се наоѓа надвор од животна опасност.

Блокот 1 сега е надвор од фунција.

„Како резултат на ова, проработи заштитата што доведе до исклучување на блокот 1 на РЕК Битола. Во моментот стручни екипи на комбинатот работат на негова санација и се очекува во текот на утрешниот ден блокот да влезе во функција. Снабдувањето со електрична енергија на тарифните потрошувачи се одвива нормално од другите производствени капацитети на ЕЛЕМ“, се вели во соопштението од РЕК Битола.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...