fbpx

Пожар во пловна нуклеарна постројка во Санкт Петербург

-

Пожар изби во пловна нуклеарна постројка која се гради во бродоградилиштето во Санкт Петербург, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.

Во соопштението се наведува дека пожарот е предизвикан од краток спој, кој е изгаснат пред некој да настрада.
Бродоградилиштето се наоѓа на околу два километри низводно од некои од најпознатите туристички локации во Санкт Петербург, меѓу кои и музејот „Ермитаж“.

Изградбата на постројката, која треба да биде преместена на далечниот исток на Русија, предизвика загриженост кај поборниците за заштита на животната средина.

Рашид Алимов од рускиот разгранок на „Гринпис“ рече дека денешниот пожар покажал дека плановите за уфрлање нуклеарно гориво во реакторите на постројката се неодговорни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...