Пожар во канцеларија во Министерството за правда


       
Скопје, 10 април, 2018 - 17:44 (META) 

Пожар изби попладнево во канцеларија на најгорниот кат во Министерството за правда. Скопските пожарникари интервенираат гаснејќи го огнот и однадвор и внатре.

Пред објектот во строгиот центар на Скопје се собрани стотина граѓани кои ја набљудуваат акцијата на пожарникарите.