fbpx

Пожар целосно пеплоса куќа во Тетово

-

Пожар што избувнал синоќа, околу 20.30 часот, во семејна куќа во Тетовско, целосно го пеплосал домот на шестчлено семејство. Огнот први го забележале соседите, кои веднаш интервенирале во гаснењето. Во меѓувреме била повикана тетовската противпожарна единица, која го локализирала пожарот.

– На терен е излезено со три противпожарни возила и со седум пожарникари. Луѓето се евакуирани и пламените јазици се ставени под контрола. Спречено е проширување на пожарот на соседните објекти, кои се залепени до објектот каде избувна пожарот – изјави Ука Алити, командир на тетовската противпожарна единица.

Шестчленото семејство ноќта ја помина кај свои роднини. Велат дека нивниот дом не е веќе за живеење. Бараат помош од институциите за реконструкција на куќата.

Според првичните информации, причина за пожарот е неисправна електрична инсталација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пропаганда за украинските деца депортирани во Русија одекна од европратеникот Де Грааф

Наспроти изнесеното во неговиот говор, украинските деца се депортирани во Русија и Комитетот на ОН ја обвинува за злоупотреба на правата на украинските деца. Од почетокот на воената инвазија,...