fbpx

Повторно поплавени дворови, подруми и гаражи во Стајковци

-

Жителите на Стајковци се повторно поплавени и на фејсбук-групата „Хуманитарна помош за настраданите од поплавите“ бараат помош. Граѓаните велат дека имаат потреба од волонтери кои би помогнале во исцрпувањето на водата од нивните гаражи и дворови.

Според тоа што е напишано во групата, целосно е поплавена и улицата 6, која се наоѓа на крајот на селото Стајковци, веднаш до обиколницата.

– Дворот на мојата куќа е повторно поплавен и подрумите почнаа да се полнат. Инаку улица 6, која се наоѓа веднаш до обиколницата, е повторно поплавена, а луѓето се во паника. Подрумите и гаражите им се полнат со вода, сите стравуваат водата не им влезе и во домовите. Бараме помош од волонтери кои ќе ни помогнат во исцрпување на водата – напиша Марјан Алек Стевковски.

Од Центарот за управување со кризи велат дека на нивните телефони никој не пријавил дека е поплавен и дека му треба помош.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...