fbpx

Повторно отворен тунелот под Ламанш

-

Тунелот под каналот Ламанш, кој ги поврзува Велика Британија и Франција, е повторно отворен за сообраќај откако вчера пожар на камион го затвори Евротунелот и го прекина железничкиот сообраќај, соопштиле од компанијата „Евростар“, пренесуваат медиумите.

Како што соопштиле оттаму, патничкиот сообраќај во моментот се одвива според возен ред со едно тргнување на секој час. Првото тргнување од Велика Британија било во 2.45 часот, а од Франција во 4.30 часот по локално време.

Компанијата „Евростар“ поради пожарот вчера беше принудена да ги врати сите свои возови на матичните железнички станици, а 42 лица беа евакуирани.

Истрагата за случајот ја водат француските власти бидејќи пожарот се случил на нивната страна на тунелот.

Пожарот предизвикал хаос во Велика Британија и во Франција и долги редици патници кои ги враќале купените возни билети на овој доста фреквентен железнички правец што ги поврзува Брисел, Лондон и Париз.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...