fbpx

Повторно одбиено барањето на СЈО за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ

-

Кривичниот совет денеска вторпат го одби барањето на СЈО да се замрзне имотот на ВМРО-ДПМНЕ поради истрагата за случајот „Талир“, во кој осомничени се 11 високи функционери на поранешната владејачка партија, меѓу кои и лидерот на партијата, поранешниот премиер Никола Груевски.

„Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основен суд Скопје 1, постапувајќи по несогласноста на судијата на претходна постапка, во врска со барањето за привремено одземање на имот, поднесено од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО), на нејавна седница одржана на 27 мај 2017 година, во согласност со член 202, став 3 од ЗКП, донесе решение со кое се уважува несогласноста на судијата на претходна постапка, при што од страна на судот не е определена предложената привремена мерка – забрана на отуѓување на недвижен имот со ставање на хипотека“, стои во соопштението.

Ова е второ одбивање на барањето на СЈО за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ. Минатата недела судот ги одби 12 барања за замрзнување на имот на партијата, поради недостиг од транскрипт од прислушуваните разговори. Денеска, како што неофицијално дознаваме, барањето е отфрлено поради „недостиг од докази кои укажуваат дека имотот е стекнат со кривично дело“. Според истите извори, судот оценил дека приложените докази укажуваат за склучени договори за градежни активности, а не за кривично дело.

СЈО нема право на жалба на одлуката, бидејќи е второстепена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Светски ден на книгата: Расте поддршката од читателите за домашните автори

Светскиот ден на книгата, кој се слави секоја година на денешен ден, 23 април, претставува глобална прослава на пишаниот збор и цели да даде поддршка на писателите и на...