fbpx

Повиците помогнаа, се прилагодува испустот на водата од Охридско Езеро

-

Откако еколошките асоцијации и медиумите алармираа за нискиот водостој на Охридско Езеро, АД „Електрани на Македонија“ презеде мерки за прилагодување на испустот на вода од Охридско Езеро во Црн Дрим.

Новиот режим на таканаречен биолошки минимум, ќе се применува неодредено време, сè до зголемувањето на водостојот на езерото, информираат од Хидро-енергетскиот слив Црн Дрим.

„АД „Електрани на Македонија“ го прилагодува испустот на вода од Охридско Езеро во Црн Дрим според котата на езерото во согласност со референтните податоци на УХМР. Иако максималниот испуст се движи од 60 до 80 кубни метри во секунда, согледувајќи го сушниот период во охридското сливно подрачје, во последните 60 дена се прилагодува на драстично помал истек, кој се движи од 21 кубен метар во секунда и тој во меѓувреме постојано се намалува. Во неделата се испуштаа 7 кубни метри во секунда, а од понеделникот во попладневните часови во целост е затворен испустот кај вливот на реката Црн Дрим, односно прилагоден на режим на биолошки минимум“, потврдуваат од ХЕС Црн Дрим.

УХМР деновиве нивото на езерото го измери на 4 сантиметри под дозволениот минимум, по што ЕЛЕМ реагираше со намалување на истекот кај Струга. Со намалувањето на испустот на водата од Охридско Езеро кај Струга, се очекува во наредниот период нивото во езерото да стагнира, а потоа постепено да почне да се зголемува.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Шега на Пендаровски на митинг во Делчево претставена како закана

Не станува збор за никаква закана на Пендаровски упатена до граѓаните на Делчево, како што тоа сака да го прикаже објавата што се споделува на Фејсбук. На видеото од митингот во...