fbpx

Повеќе трошиме на алкохол, проституција и наркотици отколку на лекови

-

Македонските граѓани трошат многу повеќе пари на алкохол, проституција и наркотици отколку на лекови и книги, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.  Во периодот од 2014 до 2016 година годишните трошоци за проституција кај домаќинствата во земјава се зголемиле од 53 на 69 милиони евра, за наркотици од 32 на 39 милиони евра, а за алкохол од 126 на 142 милиони евра.

Трошоците за лекови и помагала (протези, инвалидски колички) во 2014 година изнесувале 36 милиони евра, а две години подоцна биле 41 милион евра.

Забележително е дека единствено за книги, списанија и весници во овој тригодишен период трошоците останале зацементирани на 11 милиони евра.

Ваквите податоци само покажуваат дека проституцијата и продажбата на наркотици генерираат профити од милиони евра за одредени криминални структури во земјава, а државата од тоа не гледа ниту денар бидејќи станува збор за нелегални бизниси кои не подлежат на даноци.

Тоа го потврдуваат и дневните билтени на МВР во кои речиси секој ден има информации за притворени конзументи и ситни дилери на наркотици, како и сопственици на јавни куќи кои работат под превезот на угостителски објекти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена...