fbpx

Повеќе пари за пензии и за социјална помош во предлог-буџетот за 2016 година

-

Владата на синоќешната седница го усвои предлог-буџетот за 2016 година, информираше вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.

Повеќе пари се предвидени за пензии, социјална парична помош и за капитални инвестиции.

– Основните карактеристики на предлог-буџетот за 2016 година, се намалување на буџетскиот дефицит од 3,6 проценти оваа година на 3,2 проценти следната година. Зголемување на средствата за пензии, социјална помош и капитални инвестиции, односно зголемување на пензиите и на социјалната помош за 5 проценти и значително зголемување на капиталните инвестиции за да се поттикне развојната компонента на буџетот. Вкупните приходи во буџетот за следната година се планирани на ниво од 176.804.000.000 денари, што е за 6 проценти повисоко од 2015 година – соопшти вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.

Буџетскиот дефицит ќе изнесува 18.984 милиони денари и ќе биде 3,2 проценти од БДП.

Капиталните инвестиции, како што рече, се планирани на 25.092 милиони денари, каде има зголемување за 12,9 проценти во однос на 2015 година.

Порастот на економијата се очекува да биде 4 проценти од БДП, а инфлацијата 2 проценти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...