fbpx

Повеќе од половина граѓани на Црна Гора се за влез во НАТО

-

Ако на средината на октомври имало референдум за членство на Црна Гора во НАТО, 56 отсто од граѓаните би го поддржале влегувањето на државата во тој сојуз, покажало истражувањето на агенцијата ИПСОС.

Истражувањето е направено од 8 до 16 октомври на репрезентативен примерок од 1.015 граѓани на Црна Гора.

Анкетата покажала дека негативен став кон членството на Црна Гора во НАТО имаат 44 отсто од Црногорците.

Истражувањето се однесува на оние граѓани кои се определени за или против членството, затоа што и понатаму е висок процентот (20 отсто) на тие што сè уште немаат став по тоа прашање.

Според истражувањето, на референдумот за членство на Црна Гора во НАТО би излегле 75 отсто од граѓаните.

Бројот на тие што сега го поддржуваат влегувањето на Црна Гора во НАТО е подобар од просекот за последните 16 месеци и е сличен на нивото на поддршка која е забележана во 2014 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...