fbpx

Повеќе од една милијарда евра инвестиции во патната инфраструктура најави Владата

-

Една милијарда и 270 милиони евра се предвидени за инвестиции во патната инфраструктура, рече денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференција која беше посветена на изградени патишта лани, проекти кои се во тек, но и изградба, рехабилитација и реконструкција на патишта за оваа година, во должина од 770 километри, а за кои, парите се веќе обезбедени.

„Оваа година ќе има засилени активности на автопатот Кичево- Охрид, во должина од 60 километри за кој се надминати проблемите. Изградбата на автопатот Миладиновци – Штип е на крај и до Штип ќе се стигнува за помалку од 40 минути. Се гради и автопатот Скопје-Блаце, така што кон Приштина ќе се патува за 45 минути. Експресниот пат од Ранковце кон Крива Паланка ќе обезбеди безбедно и брзо патување до Бугарија. Квалитетните и нови патишта се важни за безбедноста на граѓаните и за економски раст“, рече Заев.

Прашан, дали доколку се одржат парламентарни избори, овие проекти ќе се реализираат премиерот рече дека проектите не може да бидат стопирани бидејќи се испланирни со програма и е предвиден буџет за нив.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев потенцираше дека изградбата на патиштата ќе го заживее градежништвото, за кое има реални очекувања дека ќе даде сериозен инпут во зголемување на домашниот бруто-производ (БДП).

„Лани сите сектори остварија раст освен градежништвото. Лани беа завршени 193 километри во вредност од 30 милиони евра. Тоа е малку, но не ја изгубивме годината, туку подготвени се проекти за реализација на една милијарда и триста евра инвестиции во 987 километри патна инфраструктура. Имаме проекти кои се во тек во износ од една милијра и 35 милиони евра во должина од 363 километри. Започнувме нови 420 километри“, рече Анѓушев и додаде дека овие бројки му даваат за право да верува дека градежништвото ќе постигне добри резултати.

Според директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Зоран Китанов, во оној момент кога ќе се создадат временски услови ќе може да почне да се работи на патиштата, за што ќе бидат ангажирани сите домашни градежни компании, а се очекува да работат 10.000 луѓе.

Парите за изградба на патиштата се обезбедени од сопствени средства на ЈПДП, кредити преку ова претпријатие.

Исто така, планирано е и воведување на електронска наплата на патарините, градење на два нови моста и реконструкција на 12.

Според министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, целта е да нема отсечено место во државата, а со проект преку Светска банка, треба да се градат и локалните и рурални патишта.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...