This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Mon Nov 19 5:02:35 2018 / +0000 GMT

Повеќе од еден милион патници патувале преку двата аеродрома, првите шест месеци




Повеќе од еден милион патници патувале преку двата аеродроми во Скопје и Охрид во првите шест месеци од годината, што претставува годишен пораст од 21 процент, во споредба со првата половина од 2017 година, информираат од „ТАВ Македонија“.

Во истиот период, бројот на летови на двата македонски аеродроми достигнал 9.033, со годишен пораст од 16 проценти.

- Додека европските аеродроми имаат просечен пораст на бројот на патници од 6,1 процент во 2018 година, „ТАВ“ продолжува да бележи високи двоцифрени стапки на пораст на патничкиот сообраќај на македонските аеродроми. Овој позитивен тренд во порастот на воздушниот сообраќај, го потврдува големиот потенцијал што го има македонскиот воздухопловен пазар. Ќе продолжиме да правиме максимални напори за развој на аеродромите во Скопје и во Охрид, со привлекување на нови авиокомпании и проширување на мрежата на дестинации, во соработка со сите надлежни државни институции - изјави генералениот директор на „ТАВ Македонија“, Алпер Ерсој.

Најфрекфентните дестинации според патничкиот сообраќај во првите шест месеци на Меѓународниот Аеродром Скопје се Истанбул, Цирих, Базел, Виена, Малме и Братислава.

Во однос на учеството на авиокомпаниите во патничкиот сообраќај, „Виз ер“ превезува најголем број патници со 63,3 проценти пазарен удел, а потоа следуваат „Туркиш ерлајнс“ (8,1 процент), „Аустриан ерлајнс“ (5,1 процент), „Германија флуг“ (4,6 проценти), „Еделвајс“ (3,8 проценти), „Кроација ерлајнс“ (3,1 процент), „Пегасус ерлајнс“ (3 проценти).

Меѓународниот Аеродром Скопје, моментално е поврзан со 38 дестинации, кои се опслужуваат од 13 авиокомпании. Охридскиот аеродром Свети Апостол Павле има три редовни авиолинии кои функционираат во текот на целата година и осум сезонски дестинации, опслужувани од 11 авиокомпании.
Post date: 2018-07-10 13:56:50
Post date GMT: 2018-07-10 11:56:50
Post modified date: 2018-07-10 13:58:57
Post modified date GMT: 2018-07-10 11:58:57
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com